Од пештерското сликарство до билборди – сите гласови на човечкото тело

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 13 февруари 2025/четврток/ од 19.00 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи промотивниот настан „Од пештерското сликарство до билборди – сите гласови на човечкото тело“.  Модератор на настанот ќе биде Александар Еленин, а истиот ќе биде збогатен и со други гости од повеќе хуманистички области кои ќе бидат инспирација и мотивација за плодна дискусија. 

„Човечкото телото како физиолошки феномен од најстари времиња било објект на цивилизациското креативно изразување во сите форми на уметничка манифестација, а најмногу и најизразено во пластичните уметности како вајарството и сликарството, но и перформативните уметности како театарот и танцот.

Во таа насока, археологот и музичар Гоце Наумов, со својот труд насловен „Телесност и отелотворување – Иконографии на човечкото тело“ прави солиден обид за толковно перципирање на телесноста во минатото преку археолошките артефакти, притоа и проширувајќи го тоа значење и манифестација на телесноста во другите уметнички и хуманистички дисциплини. Со неговата студиозна анализа на човечкото тело преку археолошките артефакти во општествен контекст, Наумов трасира и нуди можност за една подлабока семиотичко толкување на антропоморфната иконографија.

Поради овие факти, неговото промотивно предавање во рамки на културниот циклус настани „Процеп во процес“ кое го трасираше Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе биде убава и инспиративна можност да ни биде приближена една друга димензија на нашата автореференцијална телесна перцепција која ние денес рутински си ја правиме со гледање во огледало-информираат од Центарот.

 

Промотивна насловна фотографија: Civette Production.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Театарски белешки (8): Народен театар

Деновиве  добивам коментари во врска со мојата претходна, седма театарска белешка, во која ги изнесов моите впечатоци за претставата „Рацин“ во изведба на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Голем дел од напишаните или изречените коментари се на иста линија со мојот изнесен став, неколку коментари беа целосно...

Изложба „Уметност во простор“ од Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска

На 13 јуни 2025 г. / петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска. „Апстрактната уметност не постои. Секогаш мора да започнеш од нешто. После можеш да ја отстраниш целата видливост, но не...

Спиркоски: Ниту зголемените цени не ги извадија прилепските јавни претпријатија од кал

„Четири годишното владеење на локално ниво на ВМРО ДПМНЕ во општина Прилеп прерасна во кошмар. Ниту зголемените цени не ги извадија јавните претпријатија од кал – долговите достигнаа 1.5 милиони евра,“ посочи меѓу другото на прес конференција Марко Спиркоски од ОО на СДСМ Прилеп: „На прилепчани им ветија пониски сметки...