Од јануари казни за оние кои возат со стари возачки – Еве колку ќе треба да платите!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Возачките дозволи со старото име, треба да се заменат до први јануари 2025 година. Доколку возачите тоа не го сторат и продолжат да возат со возачки со старото име и доколку бидат застанати од сообраќајната полиција, ќе треба да платат казна.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршочен патен налог и казна во износ од 100 евра ќе добие возачот доколку биде фатен со неважечка возачка дозвола.

 

 

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во тек е пријавувањето за Илинденските спортски игри во Зрновци

Општина Зрновци и годинава ќе биде домаќин на турнирот во мал фудбал во рамки на единаестите Илинденски спортски игри. По тој повод Локалната самупрва упати повик до сите љубители на спортот да учествувааат на турнирот. Натпреварите ќе се играат на мултинаменсото спортско игралиште „Васе Ангелов“, а  пријавувањето на фудбалските екипи е до 15 јули. За

Викендов Кочани го одбележува Петровден

о организација на Општина Кочани, претстојниов викенд, со културно-забавни и духовни содржини ќе биде одбележан Петровден, Празникот на Кочани. Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот, на 12 јули, со почеток во 13 ч., во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се одржи настан посветен на прекинатата младост на 62-те

ОК на ВМРО – ДПМНЕ Кочани: Антидатирање не е демант – туку кривично дело!

В.д. градоначалникот Венко Крстевски тврди дека „навремено аплицирал“ за мерката за вработување 400 пожарникари, но објавува само општински деловоден број, без доказ дека документот е примен и евидентиран кај надлежната институција. Ако навистина аплицирал – нека објави деловоден број и датум од прием од Владата, а не Општински печат со деловоден број и датум која