Од денеска во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ започнува пријавувањето за скокање по Честниот крст

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, среда, 14 јануари 2026 година, во православниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани започнува пријавувањето за учество во традиционалното фрлање на Чесниот крст во водите на Кочанска Река.

Право на учество имаат полнолетни мажи од христијанска вероисповед, со навршени 18 години, да сежители на општина Кочани, како и задолжително да приложат лекарска потврда дека се здрави.

Пријавувањето ќе се врши најдоцна до недела, 18 јануари, во периодот од 8 до 15 часот, во кочанскиот храм.

Информацијата за Радио Кочани ја потврди протојереј-ставрофор Гоце Ефтимов.

Празникот Богојавление – Водици се одбележува в понеделник, 19 јануари, при што тој ден е државен празник и неработен ден.

Потопувањето на Чесниот крст ќе се одржи на мостот во Паркот на револуцијата, каде што оваа верска манифестација традиционално се организира секоја година.

За точниот термин на настанот, Радио Кочани ќе ја информира јавноста навремено.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Импровизирана депонија со гуми под Спомен-домот АСНОМ – сериозна закана по животната средина

Просторот под Спомен-домот АСНОМ, во изминатиот период е претворен во импровизирана депонија за стари гуми. Наместо уредена и чиста околина, на оваа локација може да се забележат фрлени автомобилски гуми, оставени од несовесни граѓани. Дополнително загрижува фактот што сведоци сме дека секоја година, токму во периодот кога тревата е најсува, истата ја палат неодговорни лица.

Посета на Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов во Центар за култура „Бели мугри“

Во текот на вчерашниот ден, Претседателот на Комисијата на  Агенцијата за електронски комуникација Орце Симов, ја посети Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани. При посетата, со Претседателот Симов беше разговарано за текот на постапката за реализација на донираните финансиски средства од Агенцијата за електронски комуникација, наменети за набавка на современа мобилна

Амфенол Технолоџи Македонија има потреба од нови вработени на следните позиции:

1.Оператори во производство 2.Оператор за подготовка на производство        3. Сетери и техничари за одржување        4. Техничар за контрола на квалитет        3. Инженер за квалитет     Компанијата нуди одлични услови за работа, редовна плата, храна и превоз и одлични можности за кариерно унапредување. Дополнително се исплаќа: Бонус за редовност, Бонус по постигнати