Од денеска да ги засукаме ракавите и да работиме – Честитки за новоизбраните градоначалници и советници!!!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Беше што беше, се случи што се случи. Од денеска да ги засукаме ракавите и да работиме.

Доста беа два месеци сликање и ветување. Ај сликањето ќе остане како спомен, но ветувањата треба и мора да се исполнат. Освен Штип и Карбинци каде староновите градоначалници ја потврдија својата работа уште по првиот круг, во целиот Исток имаме сосема нови градоначалници во сите општини.

Не треба да ги заборавиме проблемите кои граѓаните ги кажуваа на секој чекор. Тие ја даваат, но тие  и ја одземаат довербата, а таа треба да се оправда.

Да започнеме со најголемата, општина Кочани. Уште веднаш да се именува вршител на должноста директор на КЈП „Водовод“ , да се исчисти ѓубрето низ населбите и населените места, кое со недели не е чепнато.

Веќе е доцна да се реорганизира кочанскиот панаѓур.

Да се стави ред во хаосот со сообраќајот. Да се, да се, да се, уште многу работи, но најаважно да се започне од почеток. Да се сврти сосема нов лист и еден по еден проблемите да ги решаваме, а верувајте ги има многу.

Слична е и состојбата и во Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево.

На целиот Исток од нашата преубава Македонија да му дадеме нов импулс – нов лик.

Доста беше молк и толеранција. Сите бевме сведоци на тоа што се прави и сите на некој начин сме виновни за состојбите во кои западнавме.

Затоа од денеска токму ние граѓаните ќе бидеме коректори на евентуалните негативни процеси на новите челници и ќе ги сечеме од корен.

Доста беше поделбата на наши и ваши. Сите сме едно и секој гласаше за подобар живот и иднина на младите, да му дадеме шанса на секого.

Ајде доста беше зборување, нели се договоривме да ги засукаме ракавите и да работиме.

Ние веќе почнавме од рано наутро.

Честитки за новоизбраните градоначалници и советници!

Да се надеваме дека ќе работат во интерес на народот, зошто се дел од него.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанчанец пријавен за организирање нелегален комар во помошни простории од дом

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против лицe (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. Пријавениот во претходно прилагодени помошни простории од објект за домување во Кочани, неовластено организирал и овозможувал учество во игри на среќа- комар. Полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес, при што биле затекнати

На „Дојран Опен“ трето место во генерален пласман за КК „Кочани“

Вчера нашиот клуб,КК „Кочани“, настапи на Дојран Опен со 15 натпреварувачи во повеќе категории, сите во борби(кумите). Освоивме 24 медали и генерален пласман од сите клубови 3 место (пехар). Најдобар впечаток и многу одлични борби покажаа Алексеј Ристов, Илина Костадинова и Томислав Ристов со освоени повеќе 1 -ви места во своите категории. Медали: 11 Први

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои

Во периодот од 22 до 31 октомври 2025 година, РудникСАСА,во соработка со детската градинка „Бамби“, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, ја реализираше еко кампањата „Супер добри дела“,наменета за најмладите членови на заедницата. Преку забавни и едукативниактивности, кампањата ги поттикна децата да научат повеќе