Обвинителството се сретна со семејствата на жртвите од „Пулс“: Истрагата е во напредна фаза, јавноста повикана да помогне

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Јавниот обвинител и тимот што ја води истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска се сретнаа со семејствата на загинатите, при што ги информираа за текот на постапката и одговараа на нивни прашања.

Обвинителството соопшти дека истрагата е сеопфатна и се разгледуваат сите можни аспекти на одговорност. Следна фаза ќе бидат распити на оштетените, а се очекуваат и резултати од низа вештачења во наредните денови. Ангажирани се истражители и стручњаци од различни области.

Истовремено, до граѓаните е упатен јавен повик за споделување на лични сведоштва и докази поврзани со клубот и вклучените институции, преку формулар достапен на веб-страницата на Обвинителството.

Семејствата денеска протестираа пред Обвинителството во Скопје, барајќи одговорност, оставки и формирање експертска влада. Остварија средби со пратеници од Левица, СДСМ и со лидерот на опозицијата, Венко Филипче, а се упатија и кон МВР, каде се очекува средба со министерот Панче Тошковски.

Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица. Досега се осомничени 68 физички и три правни лица. Дискотеката „Пулс“ работела без лиценца и со сериозни пропусти во безбедноста. Пожарот бил предизвикан од пиротехнички ефекти за време на концерт на групата „ДНК“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Министерството дозволува паралелки со помал број ученици, СОНК бара од Крстевски 50 – те наставници да се вратат на работа

Повеќе од 50 наставници од кочанските училишта останаа без работа, откако после 31 август договорите на определено време не им се продолжени. Министерството за образование и наука донесе одлука за формирање паралелки со помал број на ученици и испрати допис до општинската администрација. Советот на Општина Кочани на својата последна седница усвои иста таква одлука

Официјална изјава на Макпрогрес доо Виница бр.2

Почитувани како што претходно најавивме во врска со катастрофалниот пожар повремено ќе ја известуваме јавноста со нови и значајни информации. Сите што беа повредени и хоспитализирани се пуштени дома и се чувствуваат добро. Еден од пожарникарите останува и вечерва хоспитализиран и неговата состојба е добра и се следи од здравствените служби и од тимот за

ВМРО-ДПМНЕ со натпартиски кандидат за Кочани – поддршка за д-р Владко Грозданов за претстојните Локални избори

  Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ги објави последните пет кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Посебно внимание предизвика најавата за Кочани, каде партијата ќе го поддржи натпартискиот кандидат д-р Владко Грозданов. Имено, за разлика од другите општини каде што се предложени партиски кадри, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во Кочани ќе се обедини околу кандидат кој