Објавата на ИРЛ го раздвижи обвинителството – проширена истрага за „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во тек е проширена истрага за случајот „Пулс“, во која, покрај првично обвинетите, се опфатени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), но и лица од други институции. Државниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се проверуваат повеќе инкриминирачки дејствија, без да открие детали, нагласувајќи дека обвинителството ќе ги испита сите сомнежи до крај.

Со завршување на обвинението не значи дека заврши и постапката за Кочани. Овие податоци изнесени од ИРЛ не се ништо ново, сите пораки беа испратени и до одбраната, до судот и до МВР. Но тоа е само мал дел од она што Обвинителството го располага во моментов. Има уште најмалку десетина инкриминирани дејствија, што значи дека постапката не е затворена, ниту во однос на УЈП, ниту во однос на други институции. Политиката е едно, но работата на обвинителството е сосема друго. Јас ќе продолжам да работам чесно и законито, изјави Коцевски.

Меѓу имињата што се споменуваат во комуникациите со синот на сопственикот на „Пулс“ е и инспекторот на УЈП, Драган Паунов, брат на в.д. претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска.

Обвинението за пожарот во „Пулс“ треба да биде оценето од Кривичниот суд до крајот на неделата. Во меѓувреме, предметот против осомничените полициски службеници од Кочани и Штип, кој го води Обвинителството за организиран криминал и корупција, сè уште е во истрага.

Извор: 24Инфо

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и