Маж кој бил ангажиран од фирма за обезбедување бил пронајден мртов во стражарница во поранешна фабрика:
„На 08.03.2026 во 07:13 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во поранешна фабрика во Прилеп лоцирана на ул. „Карпалак”, без траги на насилство пронајден е починат Б.Д.(64) од Прилеп, лице ангажирано како обезбедување во стражарската куќичка. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп,“стои во известувањето од СВР Битола.









