Општина Зрновци информира дека, благодарение на Министерството за транспорт и врски и силната поддршка од Владата на Република Македонија, обезбедени се околу 8.000.000 денари за реализација на три нови витални проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура.
Проектите кои ќе се реализираат се:
Целосна реконструкција на улиците „Илија Танев“ и „Димчо Петров“ во село Мородвис
Изградба на нов локален пат Видовиште – Крстот
Изградба на нов локален пат Видовиште – Гробишта
Овие проекти се од огромно значење за Општина Зрновци, бидејќи директно влијаат на квалитетот на живот на жителите, овозможуваат подобра поврзаност, зголемена безбедност и долгорочен локален развој. Станува збор за инвестиции кои жителите ги очекувале со децении.
Од Општината посочуваат дека ветувањата кон граѓаните се претвораат во конкретни дела, со јасна визија за развиена и урбана општина за сите генерации.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.