Ново во Прилеп – Џудо клуб ОСАКА – клуб пред кого престојат многу предизвици (ВИДЕО +ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Џудото е достапен спорт за секого , со редовна обука и развој на координација и реакција во текот на обуките се стекнува одлична дисциплина но и се формира и зајакнува личноста и нејзиното здравје.Џудото е и инспирација која ве води како идеа на џудо турнирот до крајниот исход без разлика колку противници имате.Таа идеа се појавува и исполнува и понесува.Нуди безброј тренинзи од кои може многу да се научи , а ентузијазмот е голем.Така е и во новоформираниот џудо клуб Осака од Прилеп од каде се носат со мислата дека таму каде треба да се оди е на победничкиот пиедесетал.

Младите се надежта на џудото а ветераните се бесценето искуство на џудото вели главниот тренер Марјан кој најавува и вистинска борба за медали веќе на првиот предизвик на членовите од клубот.Само тренерите со големо искуство и одличните џудо борци кои постигнале врвни резултати можат да ја сознаат разликата и важноста на инспирацијата и мотивацијата и нивнта важност во надминувањето на локалните успеси.Така е и со нашата Теодора  која долги години е блиска со татамите и успесите на нив а сега своето искуство же го пренесува во џудо клубот Осака.

Џудото не е само спорт туку и патување до целосен раст и развој кај младите и носи многу многу предности само од физичката активност а се разбира и успеси кои доаѓаат сами по себе.

Џудо клубот Осака од Прилеп е новина во градот.Младоста и искуството веќе делуваат секојдневно со макотрпни тренинзи и предизвици кои допрва престојат.За оние кои сакаат да ги осознаат тајните на овој спорт тогаш тренинзите се добредојдени во џудо клубот Осака , каде чканарината е бесплатна.Ако е Прилеп центар на џудото во земјава , тогаш ова клубско освежување нека биде ново место за тренирање , зајакнување на личноста и самодовербата и секако дружење кое го поткрева натпреварувачкиот дух.Дојдете и тренирајте во џудо клубот Осака.Во видеото подолу погледнете  и информирајте се за новиот прилепски џудо клуб.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Реколта 2026: Цените во новите договори 10 % повисоки од ланските

Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за...

Мариухана пронајдена и одземена во неколку индивидуални случаи во Прилеп

Вчера полицијата делува во неколку оделни случаеви, пронаоѓајќи и одземајќи марихуана на различни локации од градот На 02.03.2026 во 12:00 часот на ул.„Тетовска” во Прилеп, полициски службеници  од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Р.(54) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на...

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...