Протектор АД Прилеп, Друштво за застапување во осигурувањето, ексклузивен застапник на Винер Лајв полисите, по истражувањето на пазарот за полиса за „Животно осигурување“ ги прилагоди условите кон 5 различни целни групи во Пелагонија и во Македонија.
Земјоделци, семејства, клиенти со повисоки примања, компании, баби и дедовци грижата и влогот за иднината ќе можат поедноставно и полесно да ја прилагодат кон сопствените можности. Посебен акцент во сите пакети е ставен кон најмладите и грижата за нивната иднина со зголемување на покритието во полисите за деца од 50 % на 100 %.
– Се одлучивме да ги направиме тие новини со цел да ја доближиме нашата полиса повеќе до граѓаните. Разделена е на повеќе таргет групи за кои што сметавме дека треба да бидат опфатени со таа полиса, прилагодена е на нивните интереси, на нивните потреби, на нивната работа, а прилагодена е и на нивните несигурности. Она каде што тие не се сигурни, сакаме ние со нашата полиса да ги покриеме за да се чувствуваат посигурно, вели Лина Димоска од Протектор АД Прилеп:
–Протектор Аграр се однесува на земјоделците кои денес се модернизирани, информирани, со акумулирани средства кои би можеле да ги вложат во својата иднина и на своите деца. Она што ние го гледаме како проблем кај нив е што не се обезбедени нивните пензионерски денови, односно немаат некоја сигурна пензионерска иднина. Нивните пензионски примања се мали и тие мораат да продолжат да се занимаваат со земјоделие и во третото доба.
Што Полисата Протектор Аграр му овозможува земјоделецот и на неговото семејство преку премијата за животно осигурување?
Полисата трае 20 или 30 години во зависност од возраста на земјоделецот. Додека трае полисата земјоделецот има покритие од 21 тешка болест. Доколку настапи некоја тешка болест ја зема осигурената сума назад, тој најверојатно нема да биде способен да продолжи со работа, но тој има една сигурна иднина, една акумулирана сума која што може да ја користи за да се лекува. Доколку не настапи ништо, тој може да ги користи тие пари во целост или пак може да користи рента во зависност од тоа како ќе се дизајнира со осигурителната компанија и тие пари да може да ги надополнува во неговото трето доба.
Она што не му го овозможува пензискиот фонд да може да го овозможи третиот столб, односно осигурителната компанија. Ова е една можност со зголемено покритие да може да ги почести своите деца, своите внуци. Покрај тоа може да вклучи и покритија за одредени повреди, за операции со што дополнително би биле опфатени сите хируршки интервенции.
Протектор Аграр се склучува на возраст од 15 до 60 години (да може да ги користи поволностите најмалку 10 години) до навршување 70 годишна возраст.
Протектор Фемили е наменета за семејства, со две или со едно дете. Оваа полиса овозможува сигурност на семејството на осигуреникот. Доколку не се во можност двајцата родители да бидат вклучени во полисата, најдобро е оној кој што има повисоки примања да направи ваква полиса, со што ќе го заштити семејството доколку се случи нешто со него: доколку настапи смрт или тешка болест, тука настапува осигурителната пкомпанија која што ја исплаќа осигурената сума и на тој начин осигуреникот е покриен и заштитено е неговото семејство. Покрај тоа заштитени се двете деца на осигуреникот од 11 тешки болести (достапни на интернет страната на Протектор ).
Протектор Голд полисата е наменета за луѓе чиј што фокус е кон нивната кариера. Одредени професии како што се адвокати, банкари, лекари… сите луѓе кои што имаат високи амбиции, високи приходи, луѓе кои се спремни да вложат во себе си, да се заштитат себе си, и понатаму во трето доба да си овозможат некои екстра примања. Тоа што нивната пензија би била висока, со оглед на поставеноста на пензискиот фонд, но би остварувале некои екстра примања да си дозволат за некои полуксузни патувања, некои полуксузни начини на лекување.
Протектор Џуниор ги опфаќа сите оние помлади баби и дедовци кои што сакаат да ги почестат своите внучиња со полиса за животно осигурување. Доколку внучето има наполнето 15 години, бабите и дедовците тука може да се јават како договорувачи за полисата за животно осигурување, а нивното внуче да ги ужива сите поволности, односно тоа да биде осигуреник. На овој начин бабите и дедовците директно може да инвестираат во иднината на своите внуци, а и на своите правнучиња. Бидејќи кога осигуреник е нивното внуче, децата, односно правнучињата влегуваат во оној елемент заштита на деца, автоматски ги заштитуваат нивните правнуци од тие 11 тешки болести и настапуваат со еден капитал со кој што внуците ќе можат да располагаат.
Протектор Прајм како полиса е наменета за компаниите со цел да ги осигураат своите работни места. Кога еден вработен – корисник на една ваква полиса има капитал од 20, 30 или 40 илјади евра ќе се замисли дали да ја напушти таа работна позиција. Покрај тоа овде компанијата не го згрижува само вработениот, не го обезбедува само неговото работно место, туку го згрижува и неговото семејство под условите кои важат и за другите фокус групи, особено во делот за заштитата на децата. Во оваа полиса користа е обострана – компанијата си ги осигурува обучените вработени на работните позиции, а од друга страна тука корист има и вработениот затоа што компанијата се грижи за него и ги ужива поволностите: заштита од 11 тешки болести, дополнително може да се вклучи и заштита од повреди, а заштитени се и неговите деца.