Нови повисоки цени на горивата од полноќ: бензинот за 7, а дизелот за 6,5 денари од литар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ново поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ – Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука за максималните малопродажни цени на нафтените деривати.

Според новиот ценовник, бензинитеЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за 7 денари по литар. Со тоа, максималната малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 88,50 денари.

Кај дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) зголемувањето е 6,50 денари по литар и од полноќ ќе изнесува92 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 89,50 денари за литар.

Повисока цена ќе има и мазутот. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за4,867 денари по килограм и ќе изнесува 47,453 денари за килограм.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Младински центар – приоритет на младите во Прилеп

Младите во Прилеп го формираа второто Локално собрание на млади – денеска се одржа неговата прва конститутивната седница во новиот состав. Локалното собрание брои 24 делегати и нивни заменици од петте средни училишта, од подмладокот на политичките партии застапени во општинскиот Совет и од невладиниот сектор. На денешната конститутивна седница...

1000 ученици и професори од ООУ „Климент Охридски“ со перформанс им оддадоа почит на ангелите од Кочани

Oколу 1000 ученици и наставници од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, креираа видео перформанс во чест на прерано загинатите деца во пожарот во дискотетката “Пулс„  што на 16 март 2025 година однесе 63 млади животи во Кочани. Перформанс со многу емоции, солзи и тишина – тие на посебен начин им...

ПК Младост 96 забележа победи во сите категории и потврди дека е најуспешенот клуб во домашното првенство

Викендов клубот Младост 96 настапи во сите категории и  забележа занчителни победи во сите. Во петокот на домашен терен први настапија девојките на Младост 96, кои го пречекаа тимот на Пелагонија од Битола. Со убедлива победа од 4:0, тие ја забележаа својата шеста победа сезонава и останаа на врвот на табелата. Шампионската титула...