Нови инвестиции во ТИРЗ зоната – Прилеп за нови работни места и вработување на младите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Нови инвестиции во ТИРЗ – Прилеп најавија денеска директорот на Дирецијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) во Македонија, Гоце Димовски, заедно со заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, при посетија на ТИРЗ зоната во Прилеп.  Иако, не беше посочена која компанија би инвестирала во ТИРЗ -Прилеп,  директорот на ТИРЗ зоните само нагласи дека  шпекулации се инфомрациите дека „Гентерм“ ќе се сели од Прилеп, напротив,  дека посточките капацитете ќе се прошируваат .

Она што го знам од ТИРЗ зоната нема таква најава , така да во периодот кои овие компании кои тука работата набргу ќе објават своите нови инвестиции. Согласно законот нема пречки и македонски компании да инвестираа во ТИРЗ зоната. Секоја компанија која планира да инвестира тука, ќе им се даде помош согласно законот„рече тој 

Дека на повидок се нови инвестиции вели и заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески,

  Носењето на нови инвестиции и проширување на капацитетите на веќе постечките ќе донесат нови работни места, а тоа значи дирекно задржување на младото насление да остане во Македонија. А, Владата го помага стопанството преку активните мерки и унгарскиот кредит и повлните кредитни линии се со цел  проширување на капацитетите на компаниите, што верувам, ќе го подобри вработувањето и ќе ја спречат миграцијата оја беше присутна во предходниов период.  А, дали ќе се сели Гентерм или не ,тој одговор треба да го даде компанијата. Согласно моите инфомрации јас можам да потврдам дека компанијата Гентерм има сериозен план да инвестира нови средства во нови машини и да вработува повеќе.А, во периодот што следи тие детали ќе ги објавиме јавно. Сега сме уште во фаза на преговори и тие инфомрации се доверливи и заради тоа неможеме да ја известиме јавноста подетално.„-рече Ристески

Локалната самоуправа создава услови  за поквалитетно работење на ТИРЗ зоната “Алиниц„   смета градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески

Посебно со изградба на патната инфраструктурната, коридорот 10, ќе станеме уште поинтересни за пласирање на извозна линија со пристаништата на соседните држави, и со тоа очекуваме уште поголем интерес од странските инвеститори.“ рече тој

Во ТИРЗ зоната „Алинци“ има над 3000 вработени.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО-ФОТО)Проданоски: Не може Комуналец да има 69 илјади вработени за да чистат по секој жител на општината

На 20тина локации во градот и во околината денеска Прилеп во голема еколошка акција за почиста и здрава животна средина. Над илјада граѓани доброволно вклучени на терен во организација на Општина Прилеп и ЈКП Комуналец. – Во догледно време каде што се чисти треба да никнат и паркови. Тоа е...

(Видео) Младите заминаа со насмевки, а дрворедите со нов сјај – Прилеп чисти!

Во рамките на еко акцијата во организација на Општина Прилеп, насловена „Еко мисија, твојот потпис за природата“ активно се вклучија, младите, учениците од средните училишта,  најмладите од детските градинки заедно со нивните воспитувачи и родители во бојадисувањето на стеблата на дрворедите и дрвајата во парковските површини во градот. Додека возрасните...

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп,...