Нови членови и ново раководство во ДПД Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани оствари прва средба со новите кандидати кои се пријавија на јавниот повик што траеше до 30 јуни.

Пријавени се вкупно 24 кандидати, од кои шест се жени.

Средбата имаше запознавачки карактер, а во наредниот период, кандидатите ќе минат низ теоретска и практична обука во соработка со професионалните пожарникари од ТППЕ Кочани.

Паралелно со активностите за прием на нови членови, во друштвото е извршена и промена на командирското место на интервентната единица.

Досегашниот командир Дејан Минов од 1 јули е дел од редовниот состав на ТППЕ Кочани, а на негово место за нов командир е назначен Мирче Павлов.

За заменици се избрани Горан Илиев и Даниел Јорданов.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, заврши „Маршот на ангелите“ во Скопје

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Овој моќен повик го означи „Маршот за ангелите“ во Скопје – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.   Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март

„ДИБ“ – Нова автоперална во Кочани различна од сите !!!

Нов систем и принцип на перење на вашите возила! Користиме специјална розе пена со мирис на вишна, исперете без четка. Вашата боја е керамички заштитена , а вашиот автомобил со уникатна хемија од увоз, излегува нов, како од фабрика! За редовни муштерии, гратис арома за кола! Секогаш добивате повеќе, а плаќате стандард! Авто перална „ДИБ“

Изгубено е куче од расата пекинезер, одговара на името Хуго. За чесниот наоѓач следува награда!

Изгубено е куче од расата пекинезер во областа Белско Маало, одговара на името Хуго. Чесниот наоѓач може да се обрати на телефон 072/213 – 081. Следува награда!