Нова книга-Како до еколошка заштита на растенијата?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Деновиве од печат излезе новото научно дело од нашата сограѓанка проф. д-р Биљана Консулоска Гвероска, насловено „Заштита на растенијата на здрав, природен и еколошки начин“.

Станува збор за прирачник кој ги опишува природните препарати, дава рецепти за нивна подготовка, потоа дава рецепти за други природни средства за заштита освен растенијата, поместени се општи препораки при подготовката на природните препарати, препораки за успешна примена на истите, како и што се друго може да се примени како природна заштита на растенијата.

Авторката Консулоска Гвероска, која во април годинава ја објави, научната книга „Агроеколошки принципи и можности за заштита на растенијата од болести“, за создавањето на овој прирачник вели дека произлегува од желбата да се истакне искоснката моќ на природата за создавање хармонија меѓу сите чинители на екосистемите.

– Таа нуди можности за еколошки начин на заштита на растенијата од разни штетни агенси. На еден природен, безбеден начин да им помогнеме на растенијата да бидат здрави, силни. А тие нам исто така, ќе ни се заблагодарат со здравје, со чиста животна средина. Ќе ни подарат прекрасни плодови за здраво тело и здрав ум – вели проф. д-р Консулоска Гвероска.

Книгата е наменета за индивидуални земјоделци, ученички активности во училишните градини и за сите производители на земјоделски производи кои сакаат да произведуваат на еколошки и безбеден начин.

Агрономот Филип Димкоски смета дека во време кога се повеќе научници и луѓе разбираат за штетното влијание на хемиските препарати кои се користат за заштита на растенијата од болести, плевели и штетници од една страна и кога се повеќе земјоделци се насочуваат кон користење на агроеколошки принципи во производството нахранам од друга страна, објавувањето на ваков прирачник како што е делото на Биљана Консулоска – Гвероска е повеќе од потребно.

Овој факт станува уште позначаен ако се знае дека македонската научна литература е многу сиромашна кога станува збор за органското производство и темите поврзани со производство на храна врз база на еколошки, пермакултурни, биодинамички и интегрални принципи – смета Димкоски.

Биљана Консулоска Гвероска е научен советник и редовен професор во Начниот институт за тутун во Прилеп, при УКЛО. Нејзината научноистражувачка работа, која започнала пред 30 години е посветена на фитопатологијата и болестите на растенијата, со специјалност на тутунот. Научноистражувачкиот опус до сега е заокружен со 140 научни трудови, во најголем број објавени во референтни научни публикации, индексирани во познатите светски бази на податоци. Коавтор е на библиогафија на НИТ-Прилеп и едно учебно помагало. Исто така, на брошура (на македонски и англиски јазик) која ја презентира нејзината десетгодишна научноистражувачка работа на најсовремената мерка за заштита на растенијата – биолошката борба, и истовремено претставува нејзин вовед во современото земјоделството на Македонија.

 

Ф.Д.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Реколта 2026: Цените во новите договори 10 % повисоки од ланските

Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за...

Мариухана пронајдена и одземена во неколку индивидуални случаи во Прилеп

Вчера полицијата делува во неколку оделни случаеви, пронаоѓајќи и одземајќи марихуана на различни локации од градот На 02.03.2026 во 12:00 часот на ул.„Тетовска” во Прилеп, полициски службеници  од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Р.(54) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на...

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...