Нашиот кочански гениј Владимир Грчев освои нов ЗЛАТЕН медал на меѓународниот JetBrains Academy Youth Challenge 2025, во рамки на Coder Track – предизвик кој ги обединува најдобрите млади програмери од целиот свет. Овој успех е уште една потврда за континуитетот во врвните резултати што Грчев ги постигнува на меѓународни натпревари, како и за неговата зрелост, фокус и посветеност кон информатиката уште на млада возраст. JetBrains Academy, како дел од една од најреномираните светски ИТ-компании, претставува сериозна едукативна и селекциска платформа, што му дава дополнителна тежина на освоениот златен медал. Успехот на Владимир Грчев е гордост за Кочани и за Македонија и уште еден доказ дека врвни млади таленти растат и надвор од големите центри.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









