Многу топла воздушна маса од север и северозапад на Африка, што ќе предизвика многу топло време на Балканот и во Македонија, предвидуваат метеоролозите, а оваа ситуација ќе продолжи во текот на поголемиот дел од следната недела.
Македонската УХМР за денеска прогнозира максимални температури од 32 до 39°C низ целата земја. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне и 40°C.