Нов Локален пат во село Мородвис

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија од 2 800 000 денари, денес беше потпишан Договорот за изградба на Локален пат село Мородвис-Гробишта со избраниот економски оператор “Стоименов” ДООЕЛ-Кочани.

На задоволство на жителите на село Мородвис, веднаш по подобрувањето на временските услови, ќе започне воведувањето во работа и реализацијата на проектот. Решавањето на три деценискиот горчлив проблем на жителите на село Мородвис беше ветување и обврска што беше исполнета.

Продолжува да се работи одговорно и посветено на градењето и развојот на општина Зрновци.

Изјави за Радио Кочани градоначалникот на Општина Зрновци Борчо Коцев.

Originally published at {{feed_name}} by {{post_author_name}} 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЗА 2 ДЕНАРА ПОСКАПЕ ДИЗЕЛОТ Цената на бензините не се менува

Малопродажната цена на дизелот од полноќ  се зголемува за 2,00 денара по литар, а цените на бензините, како и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на дизелот од полноќ ќе изнесува 75,50 денари за литар. За 1,051 денари поскапува и Мазутот и еден килограм ќе

В недела, 19 јануари во 12 часот потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река…

В недела, 19 јануари во 12 часот на мостот кај Паркот на Револуцијата во 12 часот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион со сослужение на свештеници од храмот „ Свети Великомаченик Георгиј“, ќе го извршат чинот на потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река по повод празникот Богојавление-Водици. Пред одржување на чинот на

Градоначалникот на Општина Виница го посети првороденото бебе во 2025

Во Виница денеска беше одбележена радосната вест за првото новородено дете во 2025 година. Малиот Семин Салиов е првиот жител на општината за новата година, а неговото раѓање е причина за голема радост и празнична атмосфера во семејството и за локалната заедница. Роден на 1 јануари 2025 година во 10:45 часот на Акушерското одделение во