Нов деловен објект во Кочани, дај боже да ги има што повеќе!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Наближувањето на новата година го одбележува отворањето на новиот магацински и деловен простор, лоциран во индустриската зона во Кочани.

На свеченоста на која беше присутен голем дел од кочанскиот бизнис и опшествен сектор, реномираната кочанска компанија „Рики Јуниор“ и официјално се пресели во новите простории, чија намена ќе биде уште поголема продуктивност и соработка со деловни коминтенти и партнери.

За ваква свеченост и прослава во пресрет на новогодишните празници, сликата говори повеќе од зборовите.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео