Николовски: Се враќа возот во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ќе се вратат линиите на градските возови до Штип и Кочани во следниот период, ова го најави министерот за транспорт и врски, Александар Николовски.

Она што е наша заедничка амбиција е во следниот период, јас ги нарекувам овие градски возови, затоа што се работи за дестанци, кои што и не се така големи, да пуштиме градски возови и до Тетово и до Гостивар, целата линија до Кичево, до Штип и Кочани, тоа е следната амбиција за која што се надевам дека за брзо време ќе можеме да ве поканиме тука, истакна Николовски.

Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”, додаде дека  момнентно во држават се активни пет возови за патнички сообраќај, пет локомотиви за товарен сообраќај и четири локомотиви кои се изнајмени.

Од нула возови и локомотиви минатиот јули, сега имаме вкупно 14 на македонските пруги. Кога бевме избрани во јули лани Македонија немаше железница, немаше оперативни возови и локомотиви. По само шест месеци резултатите се гледаат. Депото низ кое прошетавме денеска во јули минатата година беше запуштено, во него не влегуваше никој, имаше темна слика, а денес вредни луѓе ги одржуваат и поправаат возовите. Споредено со четвриот квартал во 2023 година, четвртиот квартал во 2024 година во делот на товарот има зголемување за 75 проценти. Тоа е срцето на „Македонски железници – Транспорт“ зашто најголем дел од приходите доаѓат токму преку карго сообраќајот, а исто така во делот на патничкиот сообраќај, споредено, пак, трет квартал 2023 со трет квартал 2024 година, има зголемување за 36 отсто. Тоа се огромни бројки и огромни разлики.

Инаку, во Кочани, возот последен пат беше виден 2021 година.

Минатата година беа реконструирани и трите железнички пруги кај  Основниот суд на улицата „Никола Карев“, кај Ветеринарната станица, на дел од улицата „Лазар Андонов“ во Кочани, како и на патниот премин кај Подлог.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа – трибина за менталното здравје со д-р Бошко Томовски

В понеделник, 22 јуни 2026 година, со почеток во 12 часот, во дворот на ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе се одржи трибина на тема „Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа“. Гостин и предавач на настанот ќе биде д-р Бошко Томовски, специјалист невропсихијатар, кој со присутните ќе разговара за темите поврзани со стресот, стравот, внатрешната болка,

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи. Станот е со површина од 70 м² и се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби, дневна соба, кујна, бања и две тераси, од кои едната е затворена опремена со електрична и класична сушара за алишта. Станот е целосно опремен и подготвен за веднаш

„FREEDOMRUN Kochani 2026“привлекува сè поголем интерес – веќе пријавени 178 учесници

Подготовките за спортско-рекреативниот настан FREEDOMRUN Kochani 2026 се во полн ек, а интересот за учество постојано расте. Според организаторите, досега се регистрирани 178 учесници од Кочани, соседните градови и повеќе места низ државата. Меѓу пријавените има 118 мажи и 60 жени, што потврдува дека настанот привлекува учесници од различни возрасни групи и спортски профили. Организацискиот