Николоски од Прилеп: За превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања, користејќи ги превознците.

Превозниците со протестите го остварија едно од основните барања, а тоа е започнување дијалог кој се води и во негови рамки треба да се изнајдат финални решенија, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, отфрлајќи ги обвинувањата на претседателот на СДСМ Венко Филипче во врска со проблемот на транспортерте.

 

Николоски рече дека во моментов се води дијалог и има време да се изнајдат финалните решенија за превозниците зашто ќе се одложи примената на ЕЕС системот и наместо од април, ќе почне да се применува од крајот на септември.

– Претседателката на Европската комисија кажа дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ кој се вика Нова визна стратегија на Европската Унија, со кој возачите се признати како професионалци. Тоа беше едно од основните барања. И во рамките на овој дијалог кој се води во моментов треба да се донесат конечните решенија – никој никаде, а камоли во систем како Европската Унија не очекува дека за две недели сите работи да бидат решени. Туку, тоа што јас го кажав, тоа што го кажа тогаш Европската Унија беше дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по која ќе се оди. Така беше, така се случува. Сето друго е извртување на фактите. Веќе имавме еден состанок на политичко, еден на техничко ниво, изјави Николоски.

Заменик претседателот на Владата најави дека на 24 февруари пак ќе има состанок на техничко ниво.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски за првите 100 дена од неговиот мандат со презентација за активностите

  Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во присуство на Министерот за транспорт и врски,  Александар Николоски, прилепските пратеници, советниците на Советот на Општина Прилеп, раководителите на јавни претпријатија, претставници од бизнис секторот, пред присутните граѓани се осврна на првите 100 дена од неговиот мандат, истакнувајќи дека овој периодот...

Николоски најави три крупни инфраструктурни проекти за Прилеп на отчетот „100 дена локална власт во Прилеп“

На одбележувањето на настанот „100 дена локална власт во Прилеп„, вицепремиерот Александар Николоски  и министер за транспорт, истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Дејан Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот. Тој од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општина...

Полициски билтен: Уапсени возачи, одземени два автомобили

Во текот на еден ден полицијата привела две лица поради сериозни сообраќајни прекршоци – управување под дејство на алкохол и возење без дозвола: На 17.02.2026 во 22:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  ја лишија од слобода 37-годишната С.Ј.М. од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Страшо...