Николоски најави три крупни инфраструктурни проекти за Прилеп на отчетот „100 дена локална власт во Прилеп“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На одбележувањето на настанот „100 дена локална власт во Прилеп„, вицепремиерот Александар Николоски  и министер за транспорт, истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Дејан Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот.
Тој од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општина Прилеп – интенизивна градба на  автопатот Прилеп – Битола,  постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп,„ а; во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски.

“Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт. Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.  И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат”, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на настанот „100 дена за Прилеп“ по повод 100 дена локална власт во општина Прилеп, на која беа презентирани реализираните проектите за 100те дена од новоформиранта локална власт во општина Прилеп.

Тој му честита на градоначалникот за реализацијата на сите сработени проекти и нагласи дека владата ќе продолжи со поддршката за општина Прилеп.

“Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме” изјави вицепремиерот Николоски. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Николоски од Прилеп: За превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања, користејќи ги превознците. Превозниците со протестите го остварија едно од основните...

Проданоски за првите 100 дена од неговиот мандат со презентација за активностите

  Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во присуство на Министерот за транспорт и врски,  Александар Николоски, прилепските пратеници, советниците на Советот на Општина Прилеп, раководителите на јавни претпријатија, претставници од бизнис секторот, пред присутните граѓани се осврна на првите 100 дена од неговиот мандат, истакнувајќи дека овој периодот...

Полициски билтен: Уапсени возачи, одземени два автомобили

Во текот на еден ден полицијата привела две лица поради сериозни сообраќајни прекршоци – управување под дејство на алкохол и возење без дозвола: На 17.02.2026 во 22:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  ја лишија од слобода 37-годишната С.Ј.М. од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Страшо...