Пет проекти кои се дел од програмата за подобрување на услугите на Општината кон граѓаните, промовираше денеска Драгица Николоска, носителка на кандидатска листа на СДСМ и Коалицијата за членови на Совет на општина Прилеп:
Општина по мерка на граѓаните: Граѓански собир – задолжителен настан еднаш на 3 месеци со претставници на НВО, месни и урбани заедници; Дигитална трансформација на Прилеп – отчетен град без корупција; Фонд за поддршка на традиционални манифестации и здруженија од областа на културата; Фонд за семејства во ризик ; За пензионерите: мобилни тимови за домашна нега.