Незнаење или пракса – На Мечкин Камен отежнат пристап за медиумите да известуваат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува револт од третманот на новинарите и медиумите на Мечкин Камен во Крушево при прославата на Илинден. Имено на колегите кои требаше да известуваат и да ја пренесат атмосферата од празнувањето им беше отежнат пристапот до местото на настанот, а не им беше обезбедено место за работа со образложение дека нема доволно простор и дека истиот ќе биде користен само за делегациите.

Оваа пракса не е нова и сведоци сме дека се повторува при секоја поголема прослава во организација на државните институции што говори дека луѓето што се задолжени за медиумите немаат чувство, ниту знаење или едноставно не сакаат да ги обезбедат минималните услови кои се неопходни за работа на новинарите. Истите притоа не водат сметка за начинот и ефектот на кој, на јавноста ќе и биде доловен амбиентот, и испратена веста за одржана манифестација, а во овој случај станува збор за најзачајната за македонската државност.

ССНМ смета дека на ваквиот приод на државните службеници кој е заснован, пред се, на непочитување на медиумите и потценување на новинарите и сите медиумски работици мора да му се стави крај зошто постои сериозна опасност во следниот случај граѓаните да останат и без основната информација. Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува најодговорните во земјава да соработуваат со медиумските организации и заеднички да најдат решение зошто продолжение на ваквиот континуиран третман на гласот на јавноста ќе доведе и до нарушување на основното демократско право за правовремено и точно информирање.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: