Независниот советник во Кочани, Венко Крстевски се пријави за в.д. градоначалник на општината

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Независниот советник во општина кочани, Венко Крстевски преку објава на фејсбук соопшти дека ќе се пријави за в.д градоначалник на општината. Според него, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог за градоначалник па затоа, како што вели, храбро одлучил да ја преземе улогата.

„Свесен сум дека јас сум само еден независен советник во советот но верувам дека некој од советниците ќе го препознае мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца. Јас секогаш сум на страната на народот.“, стои во објавата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Утревечер во „Бели мугри“ – „БУЧАВА ШТО СОЗДАВА ИДЕНТИТЕТ“ – ретроспективна изложба на Тошо Филиповски

На 21 ноември (петок), во 19:30 часот, во просториите на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, ќе биде отворена ретроспективната изложба насловена „Бучава што создава идентитет“, посветена на 60 години македонска рок култура, музика и поезија (1963–2023). – Изложбата претставува визуелна и документарна приказна за развојот на македонската рок сцена, преку внимателно одбрани фотографии од

Иван Богданов именуван за в.д. директор на ОУ „Климент Охридски“ – Облешево

Иван Богданов е назначен за нов вршител на должност директор на Основното училиште „Климент Охридски“ во Облешево. Богданов, кој речиси десет години работи како професор по музичко образование во оваа образовна установа, доаѓа на местото на досегашниот директор Јорданче Костадинов, кој неодамна стапи на функцијата градоначалник на општината. Назначувањето е извршено минатата недела. Од училиштето

Саити: Околку 11 милиони денари на сметката на Црвениот крст за настраданите во пожарот во „Пулс“

Сѐ уште формално е активна сметката на Црвениот крст за донации за семејствата на настрадните во Кочани и во моментов на сметката има околку 11 милиони денари, изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити. Саити појасни дека поголеми приливи на сметката не се случуваат. Тоа што го направивме како Црвен крст ги