Неочекуван пораз на Победа од Беласица на домашен терен

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Екипата на Победа на својот терен  на изненадување на домашната  прилепска публика, денеска беше поразена од екипата на Беласица – Победа – Беласица 0:1. Голот за гостите го постигна, капитенот Александар Милушев, во 70. минута.

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ се играше не толку интересен фубал. Беласица погоди греда преку Александар Коцев, дирек со ударот на Милушев, неколкупати спаси голманот Иван Николоски, а Победа беше опасна по шутевите на Филип Димоски над гредата и на Бојан Ивчески, кога одбрани голманот  Ѓорѓи Трајков.

Во СЛЕДНО 21. КОЛО (недела, 16 март во 15 часот) Победа гостува во Охрид.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...