Нека е аирлија – започна расадувањето на тутун во прилепско!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со стабилизирање на временските прилики, деновиве, започна расадувањето на тутунот во прилепско. На парцелите каде што со механизацијата може да се влезе и работи, земјоделците брзаат да го засадат втасаниот тутунски расад кој што изминативе денови ја достигна оптималната зрелост бидејќи и неколку недели од вообичаено беше посеан рано пролетва.

Под ориентален тутун годинава ќе бидат околу 14 300 хектари во Македонија, според склучените 33 000 договори со 10 те откупувачи. Новата реколта 2025/26 та се очекува да тежи околу 27 000 тони тутун. Ова претставува зголемување на бројот на договори, на планирани површини и производство за новата реколта. Цените во новите договорите од реколта 2025/26 година се движат од 400 до 420 за прва класа, од 312 до 360 за втора и 250 до 300 денари за трета класа.

Ланската реколта тежеше 24 321 802 кгр, со постигната просечна откупна цена од 399.80 денари за кгр.

Минатата недела министерството за земјоделство ги исплати субвенциите по 100 денари од кгр кон 14 502 земјоделски стопанства.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Саниран дефектот на левата падина од хидросистемот, вода пробно пуштена со помал притисок

Како изгледа во ек на сезона при систем за наводнување, месец и половина без вода најдобро знаат прилепските земјоделци.  Целата лева падина од прилепскиот хидросистем не функционира поради голем дефект на главната цевка Ф 700 која не го издржала притисокот уште на стартот од сезоната за наводнување пролетва. Земјоделците велат...

Од полицискиот билтен! Физичките напади стануваат честа појава

Денеска, рано утрото (17.06.2025)  во 03.15 часот во ОВР Прилеп, А.И.(51) од Прилеп пријавил дека на ул.„Трајко Николоски“ бил физички нападнат од А.Н. исто така од Прилеп. На 16.06 2025 во 09.00 часот во ОВР Прилеп, Л.Б.(19) од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од М.К..  Истиот ден (16.06.2025) попладнето, ...

До каде е изградбата на автопатот Прилеп-Битола?

“До каде е изградбата на патот Прилеп-Битола?„- на ова прашање денеска одговараше, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски,  за  изградбата на автопатиштата во државата „Што се однесува до автопатот Прилеп-Битола, можам да кажам дека до крајот на овој месец повеќе од 85% од трасата ќе биде, од аспект...