Неговата музика живее вечно -18 години без Тоше Проески

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Осумнаесет години подоцна, Тоше и понатаму живее во срцата на луѓето – низ песните, спомените и тишината што зборува повеќе од зборови.

Денеска Македонија и целиот Балкан се потсетуваат на Тоше Проески, големата музичка ѕвезда која пред 18 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб.

Во негов спомен, традиционално се одржува маратон од Нова Градишка до Крушево, кој оваа година се трча по 18 пат. Маратонците го започнаа патувањето пред спомен-обележјето на Тоше во Нова Градишка, а денеска, на годишнината од неговото заминување – треба да пристигнат на неговото вечно почивалиште, на Гумење во Крушево.

Животот на Тоше згасна во 2007 година, токму кога ја одбележуваше десеттата година од својата музичка кариера, која тогаш веќе добиваше меѓународно признание. Неговиот последен англиски албум, „The Hardest Thing“, беше издаден постхумно, како симбол на недовршениот сон за светска сцена.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 година, а својот талент го покажа уште како дете, настапувајќи на фестивалот „Златно славејче“ во 1992 година, каде ја испеа песната на влашки јазик. Кариерата ја започна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, по што настапуваше на најголемите фестивали во регионот, а во 2004 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Истанбул. Истата година беше именуван за амбасадор на УНИЦЕФ.

Во текот на својата кариера издаде седум албуми, од кои повеќето беа објавени и на српски и хрватски јазик. Последниот, „Игри без граници“, беше промовиран само две недели пред трагедијата, а неговиот последен концерт – хуманитарен, за подобрување на условите во образованието во Македонија – се одржа на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ФФМ: за ФК Победа забрана за присуство на публика на 4 домашни натпревари

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.

И репрезентацијата на Шведска ќе тренира на стадионот од ФК Големо Коњари

По младинската фудбалска репрезентација на Ерменија до 21 година (У 21) која неодамна одржа тренинг на стадионот од ФК Големо Коњари, и репрезентацијата на Шведска У21 ќе го користи теренот и просториите на овој второлигаш. Стадионот кој што е во одлична состојба,  според најавата од управата на клубот, вторник, од...

Ново спортско игралиште во ООУ Рампо Левката Прилеп

Дворот на ООУ „Рампо Левката“ е збогатен со уште еден простор за спортски активности на децата. Денеска беше промовирано и пуштано во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување. Градоначалникот Дејан Проданоски посочи дека инвестицијата е од Општина Прилеп.