Настанот „Пат на заздравување“ го означи почетокот на програмата за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани со гостите од Шведска

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Со цел да споделува искуства, да придонесе за зајакнување на заедницата и да гради модели на отпорност, солидарност и психосоцијално заздравување по трагичниот настан во Кочани, седумчлена делегација од Гетеборг, Шведска од 16 до 18 јуни престојува во Кочани.
Почетокот на активностите беше официјализиран со настанот под наслов „Пат на заздравување“, на кој присуствуваше амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин и претставници на „Europe House“, како иницијатори и поддржувачи на програмата, како и претставници на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ и „Сапорт“ – Кочани.
Во тимот од Гетеборг се преживеаните од пожарот во 1998 година во дискотека во Гетеборг – Нима Параш Лама и Розбех Асланијан и пожарникарите Пер-Андерс и Бенгт Холм, социјалните работнички Елеонор Артфорс и Хели Кунас и координаторот на Центарот за поддршка Ларс Лилед.
Три месеци Кочани живее во длабока криза, емотивна, психичка, криза во управувањето со секојдневието. Процесот на закрепнување е подлабок и подолготраен отколку што можеме да си замислиме. Добро е што не сме осамени на тој пат, кој жителите на Гетеборг го поминале пред 27 години. Искуствата стекнати во тој процес очекуваме да ни помогнат – истакна в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.
Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џеин нагласи дека искуствата од ваквите трагедии се слични, иако се случувале во две различни држави – болката и последиците се исти.
Заеднички се сеќаваме, заедно жалиме и заедно учиме да продолжиме со животот, порачуваат нашите гости од Гетеборг. Тоа значи активно учество на сите нас во градењето безбедносни простори за секого, простори на вклученост, на почитување и толеранција на различноста и посебноста, простори на слободата – рече во обраќањето пред присутните Лина Ќостарова-Унковска, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“.
Пред присутните говореше и Ларс Лилед, кој по пожарот во Гетеборг од менаџер за развој се пренасочил во специјалист за катастрофи, а неговата работа на тој план е опишана во книгата „Како редење сложувалки“, која во рамките на оваа програма за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани е преведена на македонски јазик.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Превентивни активности за безбедност на децата во сообраќајот

На крајот на учебната година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Општина Кочани и Одделението за внатрешни работи – Кочани организираше интерактивни работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“. Со едукацијата беа опфатени учениците до петто одделение во ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Св. Кирил и

Од денеска започнуваат Петровденските пости

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината започнува

Успешно завршена обуката „Пониква 2025“ за гасење шумски пожари во Кочани…

Во организација на Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола, а со поддршка од Општина Кочани, успешно беше спроведен практичниот дел од обука за интервенции при шумски и пожари на отворен простор. Во обуката учествуваа околу педесет пожарникари и вработени во релевантни институции, кои во изминатите три дена ги усовршија своите вештини за