Настани кои овие два дена го вознемирија Прилеп – реагираше полицијата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Нарушување на јавниот ред и мир, возење без возачка, марихуана во автомобил се дел од случувањата кои ги регистрирала полицијата за велигденските празници, информираат од СВР Битола.
Полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода   Д.С.(32) од Прилеп, бидејќи возел без возачка.При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С., при што констатирано било дека  истиот не поседува возачка дозвола.
На 13.04.2026 во 01:00 часот, во ОВР Прилеп 30-годишен маж од Прилеп пријави дека на ул. „Круме Волнароски“  во Прилеп, непознато лице од неговата 17 – годишна внука со употреба на сила одзело мобилен телефон и и нанел повреди.
На 12.04.2026, пак, во 22:40 часот на ул.„Кеј 1 Мај“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода  Х.У.(19) од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Х.У., при што констатирано било дека истиот не поседува возачка дозвола.
На 12.04.2026 во вечерните часови (во 20:30 часот) на ул. „Дабничка” во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода  С.У.(52) од Прилеп и С.М.(37) од Битола, бидејќи при преглед на патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки  во кое се наоѓале пријавените,  пронајдена бил марихуана.
На 12.04.2026  во 14:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски” во Прилеп Г.К.(49)  и  М.Р.(32), двајцата од Прилеп, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
Се преземаат мерки за расчистување на ннастаите, информираатод СВРБитола.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...

Ристески: Исплатата на субвенциите за тутун до средината на јуни, нема поврат на субвенциите за 2024 та

На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. „Тутунопроизводителите кои...