Наредната сабота(13.09) ДПД – Кочани со Меѓународен натпревар во противпожарни игри ќе одбележи четири години од постоењето на друштвото.
Во продолжение е целосното известување од ДПД – Кочани:
Доброволно противпожарно друштво Кочани
по повод четиригодишнината од своето формирање
организира
МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ПРОТИВОПОЖАРНИ ИГРИ
13 септември 2025 (сабота)
Спортски терени Бачалук – Кочани
Почеток: 10:00 часот
На настанот ќе учествуваат екипи од:
Македонија | Србија | Хрватска | Словенија | Бугарија
Екипите ќе се натпреваруваат на четири различни полигони, а во рамки на манифестацијата ќе се одржи и детски натпревар со учество на најмладите од општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци.
Ве покануваме сите да бидете дел од овој уникатен настан, исполнет со другарство, спортски дух и противпожарни вештини.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.