Наредната сабота (22.02) во Кочани ќе се одржи манифестацијата „Вешта жена“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Наредната сабота (22.02) во Кочани ќе се одржи манифестацијата „Вешта жена 2025“.

Настанот е закажан за во хотелот „Амор“ со почеток во 17 часот.

Вредни, храбри и умешни припаднички на понежниот пол ќе ги претстават своите кулинарски и креативни способности.

Жените кои ќе се пријават за учесници имаат и парична помош, како и помош од поранешни учеснички, истакнаа од организацискиот огранок – Кочани.

Манифестацијата „Вешта жена“ ќе се одржи и во други градови во државата, како и во Виница на 26 април.

За дополнителни информации може да се обратите на телефонскиот број 070/495-025, Гордана.

Инаку, изборот на „Вешта жена“  на Република Македонија ќе се одржи на 10 и 11 мај во Тетово.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Асфалтирана улицата „Генерал Апостолски“

Заврши асфалтирањето на улицата „Генерал Апостолски“, сообраќајница којашто ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари. Асфалтиран е крак од улицата долг 223 м, со ширина од 6,5 м, со  велосипедска патека широка 1,5 м. Градежните работи ги изведе „Коле-транс инженеринг“ од Штип. За изградба на оваа улица Општина Кочани намени 5.760.618 денари од сопствениот буџет.

На 19 јуни во Кочанско – третман од земја за заштита од комарци

В четврток, 19 јуни 2025 година, ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.   Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на Центарот за јавно здравје Скопје ќе ја реализира првата фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени