Напад врз службеник e пат кон неправда!!!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како во Дивиот Запад – бегаш од затвор, влегуваш во барот на градот со една улица,  пукаш и убиваш. И, решен проблем.

Слично сценарио се случи и во прилепскиот Меѓуопштински центар за социјални работи! Избегал од ЈЗУ Психијатриска Болница Демир Хисар, набавил огнено оружје-пиштол, и пукал со цел да ја усмрти 36 годишната жена, социјален работник, која ја демнел неколку години наназад, најверојатно да и’ се одмази и да и’ наштети поради неговата драма поврзана со семејно насилство и бракоразводна постапка, иако таа – жртвата, не го водела предметот.

Но, намерата да се посегне и да се одземе нечиј живот, од гнев, бес, сега е небитна. Она што згрозува, што влева страв, што создава поголемо злосторство, е постапката.

Ова не е напад на физичко лице, кое си седело дома, или си шетало на улица,  си пазарело во маркет или седело во кладилница во кафуле, иако секое злосторство е за осуда.

Ова е напад на државен, јавен службеник , во јавна, државна институција. Напаѓајќи го државниот службеник, во јавна институција, значи напад и на државата. Непочитување на државата, значи непочитување на институциите, непочитување на институциите е непочитување на луѓето кои работат во нив (јавните службеници), кои доаѓаат да ја си вршат својата работа, да ја извршат службената должност и со својата стручност да помогнат во заедницата.

Ако не се безбедни лицата, оние јавни службеници, ако секој еден поради гнев, лутина, психолошка нестабилност, личен став, може да убива со огнено оружје тоа значи – атак, не само врз лицето, атак и врз државата, атак врз системот. Тоа денес е социјален работник, утре може да биде  учителка/професорка, која ставила „лоша“ оценка на нечии син, лекар, воспитувачка во детска градинка…

Луѓето се тие што создаваат и оддржуваат. Ако не се почитуваат, тогаш ниедна институција нема вистинска вредност.

Сега, денес, имаме напад со огнено оружје врз ЕДЕН јавен службеник, утре врз друг…Затоа овој случај кој не треба да  остане само  како „информација  во полицискиот билтен“  и како „уште еден немил настан“ кој го регистрирале медиумите.  Зарем секој ЕДЕН не е вреден да биде безбеден?!

Во една држава, ништо не е поважно од човек, ништо не е позначајно од безбедноста на луѓето. Но, мора да научиме да ги почитуваме институциите, а со тоа да ги цениме и вреднуваме луѓето, кои чесно ја обавуваат својата службена должност, а не да ги УБИВАМЕ.. Се’ се покажува со добра намера, професионализам и законитост!

Се“ друго е Див Запад – кукавично и злобно, каде злото се притаило за да руши, уништува и пустоши.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Љубење со стихови“ – потсетник зошто вреди да се сака и зошто поезијата не е луксуз

 Во свет полн со брзина и бучава, вечерта на „Љубење со стихови“  беше како здив на тишина, како допир на душа со збор. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, поетите Филип Димкоски и Лина Димоска го претворија просторот во храм на емоции, каде стиховите не се...

(ВИДЕО) Љубење со стихови – поезија , дружење , моменти за незаборав

Поетско љубовниот перформанс кој вечерва повторно го покажа својот раскош пред прилепчани , „Љубење со стихови” повторно ја имаше својата магична вечер.Една несекојдневна,посебна поетска галаксија  која едноставно те тера да не ги штедиш дланките а претходно да уживаш во стиховите кои на свој препознатолив начин пред присутните ги презентираа ,...

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец. “Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги...