Наместо победа, натпревар без голови во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денешниот меч на градскиот стадион Гоце Делчев во Прилеп меѓу Победа и Осогово  во рамките на 27 то коло од ВМФЛ започна со оддавање почит со едноминутно молчење кон прерано починатиот Николче Здравески, легендарниот фудбалер и тренер од Прилеп.

Негова фотографија беше истакната на големата трибина, а целата публика неколкупати го скандираше неговото име во знак на почит и голема благодарност за се она што Здравески го направи за прилепскиот и македонскиот фудбал.

Резултатот е 0:0, наспроти очекувањата за нови три бода за домашниот тим. Меѓутоа, кочанската екипа со борбена игра успеа да го сочува својот гол. До 81. минута мрежата одлично ја одбрани прилепчанецот на голот од Осогово, Ѓорѓи Јованоски. Но откако тој доби црвен картон по фаулот врз Горан Димоски надвор од шеснаесетникот, на голот застана играчот Никола Стоиловски. И тој ја сочува својата мрежа во наредните 14 минути – 9 од основниот дел и 5 од судиското надополнување. Најизгледната шанса ја имаше Бектеш Исмаил со удар во левиот голмански агол, но Ѓорѓи Јованоски се фрли и одбрани.

Следното 28 мо коло Победа на 6 ти мај игра во Скопје против истоимената екипа.

Извор www.shampion.mk

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Матурско дефиле, песна , оро и радост во центарот на Прилеп

Како и секогаш , традиционално со песна и оро во централното градско подрачје, прилепските матуранти го означуваат за нив завршувањњето на средношколскиот живот , генерација 2024/2025.Во убава атмосфера , ведри и насмеани и распеани , матурантите го привлекоа вниманието кај прилепчани кои нивната радост ја прослеедија со внимание во центарот...

Во објект во Прилеп фрлена рачна бомба

Во објект во Прилеп фрлена рачна бомба. Вчера, во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот по полноќ, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, сопственост на Б.С.(53) од Прилеп,...

(ВИДЕО) Велосипедистите на Херој Прилеп задоволни од ангажманот на странски тренер во клубот

Велосипедистите од новоформираниот велосипедски клуб Херој од Прилеп , се активни како на домашна , така и на меѓународна сцена.Повеќето ќе  настапуваат во домашните првенства , на пократки или подолги патеки а дел од нив веќе се дел и од велосипедскат елита настапувајќи и за странски клубови , пред се...