НАЈТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ ПО ИНФОРМАТИКА ВО ПОСЕТА НА „МАК ПРОГРЕС – ВИНЧИНИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Додека повеќето деца уживаат во летниот распуст, најталентираните ученици по информатика од нашата земја интензивно се подготвуваат за претстојните меѓународни олимпијади. Тие се иднината на дигиталниот свет и дел од националните тимови по информатика, кои оваа недела се на подготовителен камп на Пониква, во хотел „Изгрев“, организиран од Здружението „Бистри умови“ и Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). Денес тие ја посетија компанијата „Мак Прогрес – Винчини“, каде ги очекуваше едно поинакво и незаборавно доживување: сами ги приготвија своите тортини, го посетија Едукативниот центар, ги разгледаа производствените погони и одблиску ја видоа магијата на производството – од првата состојка до финалниот производ.

„Мак Прогрес – Винчини“ не е само производител на чоколади и слатки – таа е приказна за поддршка, верба и пријателство. Веќе две години е верен спонзор на „Бистри умови“ и ЗИМ, обезбедувајќи производи за младите информатичари и придонесувајќи тие да имаат сила, енергија и инспирација да освојуваат медали за нашата земја. Ваквите средби им даваат на младите не само знаење и искуство, туку и порака дека големите компании веруваат во нивниот талент и иднина. Кога поддржуваш млади умови – инвестираш во иднината на целата држава.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Јуроп хаус со културна програма ја продолжува соработката со ЦК „Бели мугри“

По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани. Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и

Новите членови на Советот на Општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиово-Облешево

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Александар Андов: Победивме, но не славевме на улица со музика, затоа што сочуствуваме со граѓаните на Кочани….

Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите Вчера, на 19 октомври, се одржа првиот круг од Локалните избори 2025 година. Изборите во Општина Кочани поминаа во фер и демократска атмосфера, во кое нашите сограѓани ја изразија својата волја за тоа каква општина сакаат да имаат во следните четири години. Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ