Парите од продажбата на „Зелникот на баба“ во Пробиштип ќе се донираат за млади со ретки болести
Во Пробиштип денес се одржа традиционалната манифестација „Зелникот на баба“, која по 12-ти пат собра учесници од над 20 градови од Македонија и од соседните земји.
Манифестацијата имаше хуманитарен карактер – сите средства од продажбата на зелниците ќе бидат наменети за лекување на млади луѓе со ретки болести.
Учесниците се натпреваруваа во сукање и печење зелник по традиционалниот пробиштипски рецепт со девет кори, испечен под вршник.
Организаторите доделија награди за најбрзите учеснички и за најуредените штандови, додека посетителите имаа можност да го поддржат доброто дело преку купување на зелниците.
Сите приходи од продажбата на зелниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за помош на млади лица со ретки болести. Учесниците со своите рецепти, енергија и посветеност покажаа дека традицијата може да биде и акт на солидарност“, истакна Раде Илиевски од Општина Пробиштип.
Манифестацијата ја комбинира промоцијата на македонската традиционална кујна со помагање на најпотребните, а придонесува и за зајакнување на заедништвото и хуманитарните вредност.
Видео материјал:
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









