Најхуманиот прилепчанец, Живко Ангелски 100 пати крводарител

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Под слоганот „Дарувај крв, спаси живот“, Црвениот крст – Прилеп и Институтот за трансфузиона медицина во просториите на општината организираа крводарителска акција, на која се вклучија над 70 крводарители.

Како дел од оваа акција, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски заедно со претставниците од Црвениот крст – Прилеп им доделија признанија и благодарници на 74 повеќекратните крводарители од Општина Прилеп кои дарувале над 10, 25 и 50 пати крв, и на Живко Ангелски, како најхуман прилепчанец, кој,  досега дарувал 100 пати крв.

„Јас сум доброволен дарувач на крв. Моето прво дарување е од 1970 тите. Нема поблагодродно чувство од сознанието дека со твоето дарување крв си спасил некој друг човек. Крвта е најдрагоцената течност, кој не може да се купи, туку може само да се дарува. Затоа апелирам до младите да даруваат крв, да бидат хумани и да спасат нечии животи.“ посочи, 64 годишниот, Живко Англески, единствениот повеќекратен дарител на крв во Прилеп, кој несебично дарувал 100 пати крв во текот на неговиот живот.

Во името на Општина Прилеп градоначалникот им се заблагодарија на крводарителите од Прилеп за нивната хуманост, солидарност и несебичност при дарувањето на најскапата течност и посака да има што повеќе вакви хумани луѓе во Прилеп.

„Овие крводарителски акции имаат за цел да ја подигнеме свеста за крводарување кај граѓаните, затоа што тоа е најхуманот гест на еден човек со кој, без многу зборови, може да ја покаже вистинската вредност на солидарноста, хуманоста и можноста да се спаси нечии човечки живот.“ рече грдоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој се вклучи во крводарителската акција и даруваше крв.

Годишно, во Општина Прилеп, во организација на Црвениот крст на Република Македонија и Одделението за трансфузиологија при ОБ „Борка Талески“- Прилеп се организираат над 35 крводарителски акции во кои се собираат близу 2600 крвни единици, од различни крвни групи. Според минатогодишниот оперативен план на Црвениот крст – Прилеп, од предвидените според планот 2736 крвни единици, остварени се повеќе 2994 крвни единици, порастот на крводарувањето е забележителен и од претходните години. Ова потврдува дека, крводарувањето во Општина Прилеп има нагорна линија, повисок степенот на хуманост кај луѓето за крводарувањето и зголемената свест за несебично помагање во спасување на човечки животи.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ВНИМАТЕЛНО: Каде од локалните водоводи водата не е за пиење?!

Во  Лок .в.с.Ореовец – јавна чешма која се наоѓа во сред село, како и водата од Л.в.с. Плетвар – крајпатна Че и Јавна чешма , не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути....

(ФОТО-ВИДЕО)Прилепските ротаријанци со донација за здрава исхрана во детските градинки „Наша иднина“

„Ротари клуб“ – Прилеп по повод 18 години од постоењето на организираното ротаријанство во Прилеп донираше 18 апарати за пасирање храна и 180 килограми овошје и зеленчук за потребите на ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ Прилеп. Децата во градинката „Гоце Делчев“ заедно со воспитувачите, опремени со капи и престилки се...

Градските власти во Прилеп на ифтар со Исламската верска заедница

Ифтарот не е само вечерен оброк ,туку и мост на спојување  на луѓето. Преку оваа традиција се  премостуваат разликите и се пренесуват пораките за мир, заедништво и добрина, со потсетување   дека сите луѓе, сограѓани и пријатели треба да живеат во едно заедништво и меѓусебно почитување. А, соживотот во Прилеп не...