На теренот на СРЦ „Бавчалук“ вечерва се играат полуфиналните натпревари од Петровденскиот турнир во мал фудбал

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вечерва, 11 јули 2025 година, на теренот на СРЦ „Бавчалук“ ќе се играат полуфиналните натпревари од Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Во 18:30 ч. ќе играат екипите на Аледар и Денка транспорт, а во 19:30 ч. – Еклектик и Исток турс Цуфле.

Финалето ќе се игра вечерта на 12 јули.

Наградниот фонд за најуспешната екипа на турнирот изнесува 60.000 денари, второпласираната екипа ќе добие 30.000 денари, а третопласираната 15.000 денари. Ќе бидат прогласени и најдобрите играч, стрелец и голман.

На 23. Петровденски турнир во мал фудбал учествуваат рекордни 16 екипи.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започнува одбележувањето на Петровден

Со празничната вечерна богослужба во црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани,  од денеска (11 јули 2025 г.) започнуваат содржините од годинашново одбележување на Петровден, Празникот на градот Кочани. Литургијата, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички Иларион, започнува во 17 ч. По неа, во 18:15 ч. ќе има литија на релацијата од кочанскиот храм „Св.

Повозрасните Кочанчани советуваат: За брак најдобро по 25-та година

Кога е најидеалното време за стапување во брак? За да добиеме одговор на ова прашање, направивме анкета со повозрасните жители на Кочани кои имаат децении животно искуство зад себе, а многумина и долгогодишен брак. Граѓаните со кои разговаравме се присетија на времето кога тие се венчале – повеќето од нив стапиле во брак меѓу 20

Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го прими во официјална посета амбасадорот на Чешка во Македонија, Н. Е. Јарослав Лудва. Амбасадорот се интересираше за состојбата по трагедијата и начините за справување со последиците од неа. Посебен интерес покажа за функционирањето на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица, за нивната опременост и екипираност.