На спектаклот во Бор – Чатлески против босански боксер (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како приближува моментот за вистински балкански спектакл во Бор , така расте  и желбата кај прилепскиот боксер Матеј Чатлески кој сигурно ќе сака да го докаже својот талент во овој спорт , ако се знае дека полека но сигурно прибира искуство од ваквите настани.Познат е и неговиот противник.

Професионалниот боксер Матеј Чатлески и редовен студент на “Факуктет за Електротехника и Информациски Технологии” при универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, на 28 март ќе настапи во градот Бор, Србија, каде ќе ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јанјанин од Босна и Херцеговина. Противникот Јанјанин е официјално одобрен од промоцијата “Balkan Boxing”, што гарантира квалитетен и сериозен меч за Чатлески. Оваа борба ќе биде испитна борба во 4 рунди, важен тест за формата и подготвеноста на македонскиот професионалец, кој чекор по чекор ја гради својата кариера на професионалната сцена. Настанот е во организација на промоцијата “Balkan Boxing”, а главен организатор е Ненад Боровчанин. Официјален фајт кард : Almir Memic (SRB) VS Iago Kiziria (GE) 6 r. Miljan Djordjevic (SRB) VS Carlos Rivero (VEN) 6 r. Marco Maric (SRB) VS Karoly Botos (HUN) 4r. Matej Chatleski(MKD) VS Milos Janjanin (BiH) 4r. Matija Radovic (MNE) VS Ivan Krivacevic(SRB) 4r. Benjamin Poturak(BiH) VS Pal Olah (HUN) 4r. Откажани се двете атрактивни борби на српските боксери Милош Јаничич и Јован Николич . Љубителите на боксот ќе можат да ги проследат борбите во живо на Arena Fight TV.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Планирани прекини на електрична енергија на неколку улици во Прилеп

Регионалниот центар за управување со кризи, според известување од ЕВН информира за ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 18.03.2026 год. (среда) од 09.00 ч. до 13.00 часот во општина Прилеп. Во градот Прилеп планирани прекини на електрична енергија опфаќаат делови од улиците: ул. ,,Васко Карангелески” , ул. ,,Коле Неделкоски” и...

Пожарот на депонијата Алинци под контрола, засилена сообраќајна контрола на патниот правец Прилеп – Битола

Пожарот на депонијата Алинци кој избувна околу 14 часот попладнево, е ставен под контрола од екипите на ТППЕ Прилеп, јавните комунални претпријатија и општествено одговорни компании, информираат од Општина Прилеп. Доцна попладнево заседавал и Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој биле утврдени насоките за понатамошно делување на сите...

Гори депонијата Алинци, надлежните на терен

Попладнево повторно густ црн чад на депонијата Алинци. Екипи на ТППЕ Прилеп, од јавните комунални претпријатија и општествено одговорни компании веќе се на терен за справување со пожарот. Градоначалникот Проданоски при увидот истакна дека градската депонија е дива и дека ваквите пожари се повторуваат. Трајно решение е изградба на регионалната...