На првата седница од новата година опозицијата ја напушти Седницата на Советот на Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска на првата Седница на Советот на Општина Прилеп, во новата 2025 година, на кои треабше да се разгледаат и усвојат финансиските извештаи за 2025 година на јавните комунални претпријатија  и финансиските извештаи на образовните институции, опозицијата на стартот  ја напушти седницата, со образложение дека не сака да присуствува, бидјеќи информацијата за зимското одржување, како дополнителна точка на дневниот ред предложена од нив, не е ставена на дневен ред.

Советникот Александар Китаноски од говорницата рече дека „ Јовчески го претвори Прилеп во скијачки центар„ а,  Никола Мариноски посочи дека советничката група на СДСМ  ја напушта седницата „за да им овозможиме на советниците од власта лесно да ги усвојат сите предложени точки од дневниот ред“, и ја напиштија седницата. По ова,  Советот на Општина Прилеп продолжи да работи по усвеониот дневн ред, со останатите советниците.

Најпрвин, со мнозинство на гласови, беше усвоен извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп за 2024 година. А,  потоа беа усвоени финансиските извештаи, планови, активности и програми на јавните комунални претпријатија: ЈКП ,,Водовод и канализација’’- Прилеп, ЈП за ПУП Прилеп, ЈКП Пазари, ЈКП Комуналец за 2025 година, како и финансиските извештаи за 2025 година на образовните инсисуции: детската градинка “Наша иднина “ и домот за стари лица „Киро Крстески –  Платник’’ .

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Реколта 2026: Цените во новите договори 10 % повисоки од ланските

Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за...

Мариухана пронајдена и одземена во неколку индивидуални случаи во Прилеп

Вчера полицијата делува во неколку оделни случаеви, пронаоѓајќи и одземајќи марихуана на различни локации од градот На 02.03.2026 во 12:00 часот на ул.„Тетовска” во Прилеп, полициски службеници  од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Р.(54) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на...

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...