На Плетвар уапсени двајца скопјани нелегално превезувале 75 кгр режан тутун

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 10.04.2025 во 20.45 часот на превојот Плетвар, на крстосница за с.Ореовец, прилепско, плициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина и од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(23) и Ј.А.(20),  двајцата од Скопје. При преглед во патничко возило „фолксваген пасат“ со  скопски регистарски ознаки, управуванно од Д.М., а сопатник бил Ј.А., биле пронајдени 75 килограми режан тутун за цигари запакуван во повеќе различни пакувања. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле задржани во Полициска станица Прилеп. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 279-б од Кривичниот законик – „избегнување на плаќање на акцизна стока“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...