На Денот на предвремено родените деца, успешна хуманитарна акција – дониран потребниот Пациент монитор

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Хуманитарната акција по повод 17ти Ноември, Денот на предвремено родените деца, кои го организираат неформална група мајки од Прилеп, кои имаат предвремено родени деца, заврши успешно. Хуманитарната акција која се состоеше од купување на производи во ЈЗУОБ „Борка Талески“- Прилеп, привлече огромно внимание кај прилепчани, зашто станува збор за помош во болничкото одделението каде што се започнува животот – неонатoлошкото одделени.

„Ова е убавиот момент за кои сите се залагавме – децата кои предвреме се раѓаат да добијат Пациент монитор, потребен за следење на виталните параметри кај бебињата при транспорт. Среќна сум што целта е остварена. Следен чекор или приоритет е набавка на ламба за зрачење и, нормално, транспортен инкубатор, како е наш сон и кој сакаме да го набавиме иако има висока сума на чинење, но е неопходно за предвреме родените деца при транспорт. Па затоа ќе продолжеме до ваквите организирани хуманитарни акции, рече Данче Оклеска, од неформалната група на мајки на предвремено родените деца.

Пациент мониторот, кој чини близу 3000 евра, овој пат го донираа членките на Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ кои пријатно ги изненади сите.

„Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп четири години активно зема учество во одбележувањето на Светскиот ден на предвремено родени деца, со поддршка и донации за неонатолошкото одделение. Со особена чест и длабока благодарност до сите членки на Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп што успеавме да го набавиме преку донации Пациент мониторот – апарат наменет за најмалите и најхрабрите борци – предвреме родените бебиња, кој е наменет да ги следи виталните параметри на бебињата. Донација е израз на нашата посветеност и поддршка за здравјето и животот на новороденчињата, како и признание за несебичната работа на медицинскиот персонал кој секојдневно се грижи за нив, со огромна љубов и професионалност. Нека оваа донација биде симбол на надеж, поддршка и заедништво, рече Биљана Кузманоска, претседателката на Унијата н жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп.,рече Кузманоска.

 

Во Прилеп годишно од 400 новороденчиња, 30 се предвремено родени деца, нагласи д-р Билјана Крижеска, началник на гинеколошкото одделение Прилеп.

Предвремено родени деца се сите деца родени пред 37. гестациска недела кои имаат проблеми со недоволно формирани органи, па поради тоа морталитет кај предвреме родените деца е поголем. Во нашата болница за 2023, 7% од вкупно живородените деца биле предвреме родени, а во 2024 бројката порасна на 9%. (12:34) Нашата болница ги прифаќа породените дечиња над 34. гестациска недела, а сите пациентки кои дојде во нашата болница со услови за транспортирање на клиниките во Скопје, успеваме да им организираме транспорт и во рекордно време да ги доставиме бебињата со цел подобри услови за грижа на новородените, посебно за тие којшто се помала гестациска недела од 33. недела.,истакна началничката на генеколошкото одделение при ЈЗУОН “Борка Талески“-Прилеп, д-р Билјана Кржеска

Прилепската болница доби и нов апарат со ехо. Тоа ќе овозможи велат лекарите да се отвори и нов амбуланта за поквалитетна грижа како за акушерските пациентки, трудниците, така и за гинеколошките пациентки.

Градоначалникот на Прилеп кој присуствуваше на овој настан најави дека општината особено ќе се заложи кон создавање на подобри услови за подобрување на демографската карта на Општина Прилеп подобрување.

„Општина Прилеп, и лично јас како човек и како градоначалник, ќе се заложам за поквалитетни здравствени услуги и давам сериозна поддршка за подобрување на демографската карта на Прилеп. Сега разговаравме и со директорот на Општата болница во Прилеп, да видиме што можеме да се направи, со помош на општествено одговорните компании во градот, за да го купиме и тој инкубатор за транспорт на предвремен родени бебиња.„рече градоначалникот, Проданоски.

Предвреме родените деца претставуваат над 10% од сите новороденчиња во Светот, процент во кој Прилеп се обидува да се вклучи со негово намалување.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Трипуновски: Очекувам поуспешна откупна тутунска сезона од ланската

Откупот на тутунот започнува утре, вторник, 18 ти ноември. Сите процедури на 10 те откупни компании за верификација на мострите и обезбедување на потребните гаранции за исплата на откупените количини се испочитувани. Останува на компаниите сами да одлучат кога ќе ги отворат вратите за прибирање на актуелната реколта. Со сигурност...

IN MEMORIAM: Почина Чучурот мајсторот кој се грижеше да отчукува Градскиот саат во Прилеп

На 74 годишна возраст, почина, Димитар Чуроски, мајсторот часовничар, кој од 2013 се грижеше, Градскиот саатот во срцето на прилепската чаршија, да чука и да го одбројува времето кое минува. Чучурот го напушти овој свет, во годината кога се одбележуваат 200 години изградбата на Градскиот саат  Диме Чучуро, како што...

Пронајдено тело на почината жена во нејзиниот дом

Вечера полициски службеници од Прилеп по дојава пронашла тело на жена на возраст од 64 години во нејзиниот дом. Констирано е дека врз неа немало траги на насилство.