На денешен ден е роден Марко Цепенков чуварот на македонската усна традиција

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешен ден, 7 ноември 1829 година, во Прилеп, тогаш дел од Османлиската империја, се роди Марко Костов Цепенков, човекот кој му даде глас на народот, на неговите песни, приказни, поговорки.

Цпенков беше повеќе од собирач на народни умотворби; беше хроничар на духот, на мудроста и на чувството за правда што македонскиот народ ги носеше низ вековите.Марко Цепенков не ги измисли народните умотворби, туку тој ги спаси. Ги извлече од заборавот и им подари вечност. Благодарение на него, го знаеме гласот на минатото, што сè уште одекнува во секоја македонска песна, баенка и приказна.

Роден во сиромашно семејство со корени од селото Ореовец, Цепенков уште од млад ги почувствувал и тегобите и убавините на животот. Учел само една година, по што се посветил на терзискиот занает. Но љубопитниот ум и слухот за народниот збор го насочиле кон нешто многу поголемо. Во 1856 година, поттикнат од Димитар Миладинов, започнал да собира народни песни, приказни и пословици, дело што ќе трае повеќе од четири децении.

Во 1888 година се преселил во Софија, каде што неговата работа добила нова димензија. Министерството за народна просвета започнало да го издава Зборникот за народни умотворенија, наука и книжнина, во кој Цепенков редовно објавувал. Таму тој не бил само собирач, туку и раскажувач со чувство за јазик, за живиот говор на народот, кој преку него добил книжевна форма.

Неговото наследство е огромно: над 5.500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 400 верувања и клетви, 350 баења, 2.900 соништа со нивни толкувања, како и описи на занаети, обичаи и народна материјална култура. Секој запис е сведоштво за богатството на македонската усна традиција, за мудроста што се пренесувала од поколение на поколение.

Цепенков ја доживеа староста во сиромаштија, изнемоштен и заборавен, и почина на 29 декември 1920 година во Софија. Но неговото дело го надживеа времето. Во Македонија, првпат било реиздадено во 1954 година од Блаже Конески, а целокупното творештво било објавено во 1972 година.

Денес, Домот на културата во Прилеп со гордост го носи неговото име, а пред домот високо и достинствено се издига неговито споменик. Од националните институции Македонскиот институт за фолклор исто така го носи  име на Цепенков.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...

ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка

По повод Mесецот на книгата, Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ од Прилеп ја првпат спроведува  акција за подарување на книги на граѓаните на Прилеп. Станува збор за околу 250 книги од различни жанрови кои утре (8.11.2025)  со помош на учениците од ООУ ,,Климент Охридски” и ООУ ,,Кире Гаврилоски”...

(видео) ООУ „Добре Јованоски“ со реновирани и адаптирани простории за поквалитетно одржување на настава

Од руинирани простори до простории за квалитетно одржување на наставата-тоа е новина во ООУ Добре Јованоски, едно од најбројните училишта во Прилеп кои бори 1200 ученици. . Градоначалникот на Прилеп, кој го посети училиштето изрази благодарност до менаџментот на училиштето за нивната посветеност и соработка и најави продолжување со реализација...