На денешен ден – 4 февруари (Гоце Делчев, 154 години од неговото раѓање), вечна слава на херојот!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

1872 година во Кукуш е роден Гоце Делчев, еден од најголемите македонски национални херои, апостол и срцето на револуционерна Македонија. Тој беше идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Делчев својот живот го посвети на борбата за слободна, самостојна и обединета Македонија. Неговата визија беше Македонија да биде држава во која сите народи ќе живеат рамноправно и слободно. Со неуморна енергија патувал низ македонските краишта, создавајќи револуционерна мрежа, зацврстувајќи ја организацијата и подготвувајќи го народот за слобода.

На 3 мај 1903 година, по пристигнувањето на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ во селото Баница, Серско, селото било опколено од османлиската војска. Во нерамноправната борба, утрото на 4 мај, загинал Гоце Делчев бескомпромисен борец, чиј живот згасна, но чија идеја за слободна Македонија остана вечна.

Гоце Делчев не е само историска личност тој е симбол на македонската борба, достоинство и стремеж кон слобода. Неговото име и денес живее во срцата на Македонците како светилник на револуционерната мисла и националната самосвест.

Вечна слава!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кучиња напаѓаат граѓани во Кочани, советникот Крстев бара итно решение на проблемот

Проблемот со кучињата скитници во Кочани повторно е актуелен и сѐ почесто предизвикува страв и загриженост кај граѓаните. На последната, но и на претходните седници на Советот на Општина Кочани, советникот Никола Крстев го покрена ова прашање, укажувајќи дека состојбата станува се посериозна. Според него, кучињата скитници претставуваат реална опасност, особено за децата. Веќе имаме

ТППЕ – Кочани е побогат за уште едно возило „Татра“  со погон на шест тркала, висок клиренс, пумпа за вода со јачина од 760...

Возниот парк на ТППЕ – Кочани е побогат за уште едно возило, како резултат на донација страна на Чешка. На свеченоста по повод предавањето во употреба присуствуваше амбасадорот Јарослав Лудва, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,  директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, како и градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов. Станува збор за противпожарно возило, цистерна

ОУ „Малина Попиванова“ – Повик за наддавање за термини во спортската сала

ООУ „Малина Попиванова“ од Кочани објави Јавен  повик за учество во наддавање за распределба на термини во спортската сала на училиштето.