Со радосна вест започна 2026 година во Кочани.
Утрово, 7 јануари, токму на големиот христијански празник Божиќ, на свет дојде првото бебе во новата година.
Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани.
Според информациите од здравствената установа пристигнати до Радио Кочани, и мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.
Радосниот настан внесе дополнителна празнична атмосфера во кочанската болница и претставува убав симболичен почеток на новата година.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









