На 20 декември – 60 години творештво, ретроспективна изложба на Танас Дедов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
На 20 декември ЦК „Бели мугри“ ќе биде домаќин на ретроспективна изложба на еден од најплодните кочански ликовни творци, Танас Дедов.

Изложбата ќе биде сооставена од најзначајното што Дедов го создал во изминативе шеесет години од својата кариера како ликовен уметник.
„60 години од неговото творештво, 60 години посветеност во уметноста. Јубилеј за почит“, вели во своја објава на социјалните мрежи, Ана Дедова, поетеса, ќерка на Танас Дедов.
Почетокот на изложбата е закажан за 18 часот во салонот на спратот на ЦК „Бели мугри“.
Сите сте добредојдени! порачува Дедова.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен нов мултифункционален спортски терен во Соколарци – „Адријан и Иван“ во чест на трагично загинатите деца

Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, денеска беше пуштен во употреба нов мултифункционален спортски терен, наменет за спорт и рекреација на младите. Теренот симболично го пуштија во употреба градоначалникот Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески. Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија. Новиот спортски

Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани: Работите се менуваат…

Професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците од Добрововолното противпожарно друштво-Кочани на 16 март 2025 година учествуваа во гаснењето на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Професионалците и доброволците сплотени и единствени спасија и голем дел од повредените млади луѓе. Една година по трагедијата во Кочани во која згаснаа 63 животи, а над 200