На 19 септември сеќавање на Рампо Левката и Дабничкиот маскар изврешен од фашистичкиот окупатор 1942 година

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Масакрот бил изврешен врз жители на с. Дабница на 19 -ти септември, 1942 година, поради помагање на партизанските одреди. На тој ден, 18-те  жители биле стрелани од фашистичкиот окупатор, односно 19. На тој ден 1942 година по долго мачен во гарнизонскиот затвор кој бил претворен во мачилиште  бил убиен и Рампо Левката, прилепски адвокат, со револуционер дух,  учесник во НОВ, подоцна прогалсен за народен херој.

За загинатите дабничани и прилепчани, на местото на стрелањето, во месноста Дабнички завој, во 1972 година е подигнат “Споменикот на жртвите на фашизмот„, на кои се напишани имињата на стреланите.  Пред деестина години споменикот, изработен од бронза од академскиот скулптор Димо Тодороски, подигнат во чест на стреланите жители на Дабница,  беше вандалски уништен од непознати сторители кои никогаш не беа пронајдени.

Сегашниот споменик,  поставен на истото место пред неколку години, е негова реплика и е дело на скулпторот Сашо Попоски.

“Дабничкиот масакар„ започна на 14 септември, кога специјалните единици, неколку десетици агенти и полицајци влегле и уапсиле 54 мажи во селото Дабница и Прилеп. Ги затвориле во гарнизонскиот затвор кој бил претворен во мачилиште.  Меѓу нив бил и Рампо Левката, адвокат, кој поради своите заслуги во НОВ е прогласен за Народен херој (денеска основното училиште во Прилеп кое го носи негово име на овој ден го одбележа својот патронот, потсетувајќи се на херојство на Рампо Левката). Тој е убиен во касарните, а 18 лица, односно 19 -сет биле однесени на стрелање, кај Дабинички завој. Меѓу нив, само еден успеал да преживее, Петко Велкоски, кој бил погоден само со еден куршум, а при бодењето со баонети бил двапати несмртоносно прободен.  Тој бил жив сведок на крвавите денови од окупацијата .

Дабничкиот масакар престаува еден од најзлосторничките убиства извршени врз невиното македонско население од страна на фашистичкиот откупатор

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...