На 19 јуни во Кочанско – третман од земја за заштита од комарци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

В четврток, 19 јуни 2025 година, ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.

 

Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на Центарот за јавно здравје Скопје ќе ја реализира првата фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

 

Третирањето ќе се изведува со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

 

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЈУМИС ВРАБОТУВА ПРОЕКТАНТ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Герила акција за Кочани пред судењето во Идризово: Ве гледаме!

Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“. „Ве гледаме!“ – Зошто им должиме на сите кој ги изгубија животите, правдата нема да дозволиме да остане само големо очекување, сѐ додека не стане доблест! Судската власт

Син го нападнал својот татко во Кочани

На 18.11.2025 во 20:00 часот во Полициската станица Кочани, 48-годишник од Кочани пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син Ш.А.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР – Штип