На 18 октомври во Виница ќе биде отворен Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница ги објави програмските содржини кои треба да се реализираат од 18 до 24 октомври во рамки на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.

Отворањето на настанот е закажано за наредниот петок со почеток во 19 часот, кога ќе биде отворена изложбата на карикатури на темата „Кој прв започна“ при што ќе бидат доделени и наградите за првите три места.

Половоина час подоцна, свечено ќе биде отворена и новата Сина сала која е лоцирана во Домот на културата во Виница.

Во 20 часот пред приутните ќе се претстави комичарот Сашко Велков со комедијата „Широк дијапазон.

Наредниот ден во 19 часот ќе се одржи Вечера на македонски афоризми, а еден час потоа ќе биде отворена и изложбата на плакати на фестивалот „10 години Imposter“.

На 21 октомври во 19 часот ќе биде претставена тетатарската претстава „Ти спиеш, тебе ти се спие“ од аматерскиот театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

Четвртиот ден, пред публиката во Виница ќе се реализира театарската претстава „Љубовна терапија“ во изведба од Народниот театар „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Фестивалската програма на „Ин Виница веритас“ завршува на 24 октомври, четврток со едукативни часови за епиграм со средношколците од Виница, како и промоција на книгата „Палави епиграмчиња“ .

Во 11 часот е закажана изложбата на илустрирани епиграмчиња од Софија Ситновска.

Фестивалот за прв пат бил одржан на 26 септември 1993 година, за на крајот во ’90-тите да згасне. Возобновен е во 2009 година, кога станува и меѓународен.

Организатор на тардиционалниот настан е Домот на културата „Тошо Арсов“, а финансиски поддржан и од Министерството за култура и од Локалната самоуправа на Виница.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи. Станот е со површина од 70 м² и се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби, дневна соба, кујна, бања и две тераси, од кои едната е затворена опремена со електрична и класична сушара за алишта. Станот е целосно опремен и подготвен за веднаш

„FREEDOMRUN Kochani 2026“привлекува сè поголем интерес – веќе пријавени 178 учесници

Подготовките за спортско-рекреативниот настан FREEDOMRUN Kochani 2026 се во полн ек, а интересот за учество постојано расте. Според организаторите, досега се регистрирани 178 учесници од Кочани, соседните градови и повеќе места низ државата. Меѓу пријавените има 118 мажи и 60 жени, што потврдува дека настанот привлекува учесници од различни возрасни групи и спортски профили. Организацискиот

По седум месеци исчекување, жителите на улицата „Бел Камен“ конечно ќе чекорат и возат по нов асфалт

По седум месеци исчекување, жителите на улицата  „Бел Камен“ во Кочани, добија обновена сообраќајна инфраструктура и подобри услови за движење. Реконструкцијата на улицата „Бел камен“ се реализираше со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги доби од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“. Со одлука на Советот, Општина