На 14 август – Вонредна крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип в четврток, на 14 август 2025 г. организира Вонредна крводарителска акција.

Акцијата ќе се спроведе во новите простории на Црвениот крст на ул. „Тошо Арсов“ бр. 1 кај Градскиот плоштад во Кочани со почеток од 08:30 до 14 ч.
-Поради зголемената потреба на крв и крвни продукти во летниот период, ги повикуваме сите сегашни и идни крводарители над 18 години, да се приклучат на вонредната крводарителската акција што ја организираме в четврток, на 14 август во нашите простории.  Со дарувањето на крв помагаме во обезбедувањето на доволно количество на резерви на крв и крвни продукти за населението во летниот период кога потребата од крв се зголемува, додадоа од Црвен крст Кочани.
Крводарител може да биде секоја здрава личност над 18 години. Тоа е доброволен, анонимен и бесплатен чин на хуманост. Пред секое крводарување се врши лекарски преглед преку кој ќе се провери здравјето на дарителот. Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Кој последен се смее…“, на 24 октомври започнува „Ин Виница Веритас“

Овогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ стартува во петок, 24. октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.  Првата содржина од повеќедневната програма е предвидена за 19 часот. Станува збор за изложба на карикатури од конкурсот за карикатура за 2025 распишан под мотото: „Кој последен се смее…“, соопшти Александра

Библиотека „Искра“ – Денеска промоција на нова книга од Атанас Георгиев

Денеска во 17 часот, во ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани, ќе се одржи промоција на петтата книга на роднокрајниот автор, Атанас Георгиев, ,,Три во едно” или ,,Каде лежи зајакот”, информираат од кочанската Јавна оштинска установа. Промотори се Иван Котев и Славица Цветкова, а издавач печатницата „Европа 92“.