На 12 јануари 2026 година – јавна трибина во врска со иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе иницијатива до Општина Кочани за определување локација за спомен-обележје, а Советот на Општина Кочани побара Општина Кочани да организира јавна трибина на која граѓаните, а посебно жителите во околината на локацијата Стар парк во Кочани, ќе го дадат своето мислење по однос на граѓанската иницијатива.

За таа цел Општина Кочани, на 12 јануари 2026 година, во 17 ч., во големата сала на Мултикултурниот центар организира јавна трибина, на која граѓаните ќе можат да се произнесат во врска со поднесената граѓанска иницијатива за определување локација за спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“.

Исто така, во периодот од 2 до 11 јануари 2026 година, граѓаните ќе можат да ги искажат своите мислења и ставови преку електронска анкета со дигиталната алатка мЗаедница.

Собраните мислења и предлози со непосредно учество на граѓаните, Советот на Општина Кочани ќе ги земе предвид при одлучување во врска со поднесеното барање односно иницијатива од Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ЧЕСТИТКИ ОД НАШИТЕ КОМИНТЕНТИ И ПРИЈАТЕЛИ

  БУТИК ПРАИМ МЕНС ВИ ГИ ЧЕСТИТА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ!!!   КАФЕ БАР ПИКАДИЛИ ВИ ГИ ЧЕСТИТА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ!!!   ПЕКАРА УРБАН БЕЈКЕРИ ВИ ГИ ЧЕСТИТА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ!!! МЕСАРА КОМПАНИЈА АТАНАСОВСКИ – КОЧАНИ ВИ ГИ ЧЕСТИТА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ!!! ПИЦА ЛА ВЕРА ВИ ГИ ЧЕСТИТА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ!!!

Во Кочани денес е отворена канцеларија на пратеник од ЗНАМ

Во Кочани денес е отворена канцеларија на пратеникот од ЗНАМ,Павле Арсоски. Одлуката јас како пратеник на ЗНАМ од ИЕ-3 да ставам во функција пратеничка канцеларија токму тука, во Кочани, беше донесена после сериозна промисла, емпатија, родителска и човечка грижа за добробит на граѓаните од Истокот.   Особено на граѓаните на Кочани на кои им е

БУЏЕТ 2026 – Инвестиции за посилна и побезбедна Македонска Каменица

Со одговорно планирање и јасна визија за иднината, Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година е насочен кон унапредување на квалитетот на живот, подобра инфраструктура и сигурност за сите наши сограѓани. Во 2026 година планираме значајни инвестиции во клучни области: -Набавка на патничко и теренско возило и ПП возило за потребите на Територијалната противпожарна